Познатиот руски историчар Олег Соколов го призна убиството на својата девојка откако беше пронајден во река со ранец во кој имало човечка рака.
Шеесет и тригодишниот Соколов, кој важи за врвен експерт за Наполеон, бил пијан кога паднал во реката, обидувајќи се да фрли делови од човечко тело, објавија руските медиуми. Полицијата потоа во неговиот стан во Санкт Петербург го пронашла распарченото тело на 24-годишната Анастасија Јешченко, каде што живееле заедно во последните три години.
„Тој ја призна вината. Соколов жали за тоа што го направил и соработува со полицијата“, изјави адвокатот на Соколов, Александер Почуев.
Јешченко исто така била добар познавач на француската историја и со Соколов напишала неколку дела. Двајцата уживале да носат облека од времето на Наполеон и учествувале во рекреирањето на историски настани.
Соколов, кој е носител на највисокото француско државно признание Легија на честа, ја убил Јешченко со пушка, по што ѝ го исекол телото.