Руски патнички авион во кој имало само членови на екипажот се урна близу Москва за време на пробен лет. Авионот од типот „сухој суперџет 100“ паднал во шума и се верува дека тројцата членови на екипажот загинале. Во авионот немало патници.
Руските државни медиуми објавија дека авионот паднал додека бил на пробен лет по поправките.
„Авионот се урна во шумска област. Нема жртви меѓу населението“, соопшти руското министерство за вонредни ситуации.
Авионот ѝ припаѓал на авиокомпанијата „Газпром авија“, која е во сопственост на рускиот енергетски гигант. Ова е трета несреќа со ваков тип на авион од 2012.