РУСКИ ПАТНИЧКИ АВИОН СЕ ЗАПАЛИ ПО СЛЕТУВАЊЕТО ВО АНТАЛИЈА, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    РУСКИ ПАТНИЧКИ АВИОН СЕ ЗАПАЛИ ПО СЛЕТУВАЊЕТО ВО АНТАЛИЈА, НЕМА ПОВРЕДЕНИСите 89 патници и шестмина членови на екипажот безбедно беа евакуирани од авионот „сухој“ (Фото: Телеграм)

    Моторот на руски патнички авион се запали по слетувањето на аеродромот во Анталија, објави турското министерство за транспорт, додавајќи дека во несреќата немало загинати и повредени.

    Сите 89 патници и шестмина членови на екипажот безбедно беа евакуирани од патничкиот авион ‘сухој суперџет 100‘, кој пристигнал од рускиот град Сочи“, соопштија турските власти.

    Сајтот за следење летови „Флајтрадар“ објави дека авионот бил стар седум години. Поради несреќата, слетувањата на аеродромот беа во прекин неколку часа.

    Видеонимка објавена на турските сајтови покажа како оган и чад излегуваат од моторот на авионот, додека единици за итни случаи се обидуваат да го изгаснат пожарот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира