РУСКИ ТРУПИ ПРИСТИГНАА ВО НИГЕР ОТКАКО ХУНТАТА ГИ ПРЕКИНА ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ

    РУСКИ ТРУПИ ПРИСТИГНАА ВО НИГЕР ОТКАКО ХУНТАТА ГИ ПРЕКИНА ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТДржавните медиуми објавија дека Русите донеле и современ противвоздушен систем (Фото: Гети)

    Десетици руски воени инструктори пристигнаа во Нигер како дел од договорот со тамошната хунта, која претходно ги прекина сите врски со западот. Државните медиуми објавија дека Русите донеле и современ противвоздушен систем, кој ќе биде инсталиран во земјата.

    Оваа западноафриканска земја е една од неколкуте од регионот Сахел чии воени власти ги зајакнаа односите со Русија во последно време. Портпаролот на воената влада на Нигер изјави дека Русите ќе ги обучуваат нигерските војници.

    Паравоената група Африкански корпус, која е во составот на руското министерство за одбрана, објави дека ова е првата група на војници и волонтери која дојде во Нигер.

    Тие се тука за да развиваат воена соработка помеѓу двете земји“, објави Африкански корпус на Телеграм.

    Демократски избраниот претседател на Нигер, Мохамед Базум, беше соборен со воен пуч минатата година, по што хунтата ги прекина воените и дипломатските врски со Франција и го отповика договорот со САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира