Руски војници навлегоа во областа околу поранешната нуклеарна централа во Чернобил, кажа украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој потврди дека украинската војска се бори со руската армија околу зоната, откако руските сили пристигнаа во регионот од Белорусија.
„Руските окупаторски сили се обидуваат да ја заземат нуклеарната централа Чернобил. Нашите бранители ги даваат животите да не се повтори трагедијата од 1986 година“, кажа Зеленски, потсетувајќи на експлозијата на нуклеарниот реактор.
„Ова е објава на војна против цела Европа“, додаде Зеленски.