РУСКИ ВОЕН АВИОН СЕ СУДРИ СО АМЕРИКАНСКИ ДРОН НАД ЦРНОТО МОРЕ

    РУСКИ ВОЕН АВИОН СЕ СУДРИ СО АМЕРИКАНСКИ ДРОН НАД ЦРНОТО МОРЕДроновите „рипер“ се големи беспилотни летала кои вршат набљудувања на голема надморска височина

    Руски борбен авион се судрил со американски дрон над Црното Море, по што Американците го собориле своето беспилотно летало. Американската војска соопшти дека дронот бил на рутинска мисија во меѓународниот воздушен простор, кога два руски воени авиона се обиделе да го пресретнат.

    Небезбедниот и непрофесионален чин на Русите доведе до тоа нашиот дрон да биде удрен од руски авион, што резултираше со уривање и комплетно губење на дронот“, соопшти Европската команда на американската војска.

    Оттаму додаваат дека САД и сојузниците ќе продолжат со операциите во областа.

    Русија засега не го коментираше инцидентот.

    Дроновите „рипер“ се големи беспилотни летала кои вршат набљудувања на голема надморска височина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира