РУСКИ ВОЕНИ БРОДОВИ И НУКЛЕАРНА ПОДМОРНИЦА ПРИСТИГНАА НА КУБА, НА 145 КИЛОМЕТРИ ОД САД

    РУСКИ ВОЕНИ БРОДОВИ И НУКЛЕАРНА ПОДМОРНИЦА ПРИСТИГНАА НА КУБА, НА 145 КИЛОМЕТРИ ОД САДКубанските власти изјавија дека петдневната посета не претставува ризик за регионот (Фото: АП)

    Четири руски воени пловила, вклучувајќи подморница на нуклеарен погон, пристигнаа на Куба среде растечките тензии со западот околу војната во Украина. Тие се вкотвени во пристаништето во Хавана, околу 145 километри од Флорида.

    Руското министерство за одбрана кажа дека фрегатата „Адмирал Гершков“ и подморницата „Казан“ се носачи на напредни руски оружја, како хиперсоничниот проектил „циркон“. Тие претходно учествувале во вежби во Атлантскиот Океан.

    Кубанските власти изјавија дека пловилата не се опремени со нуклеарно оружје и нивната петдневна посета не претставува ризик за регионот, па така ни за САД. Вашингтон објави дека будно ја набљудува посетата и дека американската морнарица ги следела пловилата со дронови додека се доближувале кон Куба.

    Посетата е неофицијална и ќе им овозможи на посадите да одморат и да се запознаат со локалните атракции“, соопшти Москва.

    Се верува дека следната станица на пловилата би можела да биде Венецуела, уште еден голем руски сојузник во овој дел од светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира