РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО АТИНА НАЈДЕН МРТОВ ВО РЕЗИДЕНЦИЈАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Грција,(МЕТА)

    РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО АТИНА НАЈДЕН МРТОВ ВО РЕЗИДЕНЦИЈАТА

    Рускиот амбасадор во Атина Андреј Маланин денеска е најден мртов во неговата резиденција во центарот на Атина. Според првичните информации во грчките медиуми, амбасадорот починал од природна смрт и нема знаци на насилство на телото или насилно влегување во домот, ниту пак кражба на предмети.

    Соработниците на 55-годишниот амбасадор од руската амбасада во Атина се загрижиле откако тој не се појавил на работа. Првично сами отишле до резиденцијата и откако никој не им отворил врата, ја повикале полицијата за да може да влезат во неговиот дом.

    Во резиденцијата испитување врши единицата за криминални дела и ќе биде извршена аутопсија за да се открие причината за смртта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира