Градоначалникот на јужниот руски град Воронеж прогласи вонредна состојба откако властите кажаа дека тој утрово бил напднат со украински дронови. Русија има воздушна база кај Воронеж, каде што се сместени борбени авиони „су-34“, што се користат за напади врз Украина.
Рускиот медиум „Шот“ објави дека се слушнале најмалку 15 експлозии близу базата и дека остатоци од дрон паднале врз станбена зграда. Градоначалникот Вадим Кстенин изјави дека е евакуирана најмалку една станбена зграда. Регионалниот гувернер Александар Гусев кажа дека е повредено едно девојче.
Руското министерство за одбрана соопшти дека ноќеска биле уништени пет дрона, а уште три биле пресретнати над регионот Воронеж, кој граничи со Украина. Уште четири дрона биле пресретнати над рускиот регион Белгород.
Воронеж, кој има еден милион жители, е оддалечен околу 250 километри од украинската граница.