РУСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ВОНРЕДНИ СИТУАЦИИ ЗАГИНА ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА СПАСИ КАМЕРМАН

    РУСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ВОНРЕДНИ СИТУАЦИИ ЗАГИНА ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА СПАСИ КАМЕРМАНЕвгениј Зинчев удрил во камен откако скокнал во водата (Фото: ТАСС)

    Рускиот министер за вонредни ситуации Евгениј Зинчев загина за време на вежба на Арктик, потврди ова министерство. Оттаму кажаа дека тој загинал обидувајќи се да спаси нечиј живот во арктичкиот град Норилск.

    „Со жалење информираме дека Зинчев трагично почина извршувајќи ги своите официјални должности, додека се обидувал да спаси човечки живот за време на вежба за заштита на арктичката зона од вонредни ситуации“, објави министерството.

    Руските медиуми објавија дека Зинчев загинал кога сакал да му помогне на камерман, кој се лизнал и паднал од карпа во вода.

    „Имаше многу присутни, но никој немаше време да сфати што се случува. Зинчев скокна во водата и удри во испакнат камен“, напиша на Твитер, Маргарита Симоњан, главната уредничка на државната телевизија „РТ“.

    Покрај Зинчев, во инцидентот загинал и камерманот.

    Зинчев, кој ја почнал кариерата како агент на КГБ, го водеше министерството за вонредни ситуации од 2018 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира