РУСКИОТ ПРЕМИЕР МИШУСТИН ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС

    РУСКИОТ ПРЕМИЕР МИШУСТИН ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУСМихаил Мишустин кажа дека оди во изолација (Фото: Гети)

    Рускиот премиер Михаил Мишустин е позитивен на коронавирус и се наоѓа во изолација. Тој потврди дека имал позитивен тест во видеоразговор со Владимир Путин и го именуваше својот заменик за привремен премиер.

    „Дознав дека мојот тест на коронавирус е позитивен, па затоа ќе одам во задолжителна изолација“, кажа Мишустин.

    На препорака на Мишустин, Путин го потпиша указот со кој Андреј Белоусов стана привремен премиер.

    Русија ја надмина бројката од 100.000 заразени со коронавирус откако во последните 24 часа биле потврдени 7.099 нови случаи, најмногу во еден ден досега. Од КОВИД-19 досега починале 1.073 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира