РУСКИОТ ВОЕН БЛОГЕР МУРЗ СЕ САМОУБИ ОТКАКО НАПИША ДЕКА РУСКИТЕ ВЛАСТИ НЕМААТ ХРАБРОСТ ДА ГО УБИЈАТ

    РУСКИОТ ВОЕН БЛОГЕР МУРЗ СЕ САМОУБИ ОТКАКО НАПИША ДЕКА РУСКИТЕ ВЛАСТИ НЕМААТ ХРАБРОСТ ДА ГО УБИЈАТАндреј Морозов беше жестоко критикуван откако објави колку руски војници загинале во борбите за Авдиивка (Фото: Јутјуб)

    Популарниот руски воен блогер Андреј Морозов извршил самоубиство откако бил жестоко критикуван за објавата во која тврдеше дека Русија изгубила 16.000 војници во борбите за Авдиивка. Морозов, кој на Телеграм објавуваше под псевдонимот Мурз, беше ултранационалистички коментатор кој се борел со проруските сепаратисти во источна Украина во 2014 и учествувал во руската инвазија на Украина, која почна пред речиси две години.

    Тој имаше 120.000 следбеници на Телеграм, каде што во неделата објави дека во неколкумесечните жестоки борби за Авдиивка загинале или тешко биле ранети 16.000 руски војници, а руската војска изгубила и 300 оклопни возила. Поради тоа беше жестоко напаѓан од руските пропагандисти.

    Морозов го најави своето самоубиство во една од последните објави вчера.

    Пропагандистите од државната телевизија се обидуваат да ме замолчат, но тие се преголеми кукавици за да ме убијат. Тогаш, самиот ќе го направам тоа. Ќе се застрелам себеси ако никој нема храброст да го направи тоа“, напишал 44-годишниот Морозов.

    Неговата смрт беше потврдена од неколку проруски извори, кои кажаа дека тој се застрелал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира