ЗАГИНА УШТЕ ЕДЕН РУСКИ ГЕНЕРАЛ ВО УКРАИНА, ПОТВРДИЈА РУСКИТЕ МЕДИУМИ

    ЗАГИНА УШТЕ ЕДЕН РУСКИ ГЕНЕРАЛ ВО УКРАИНА, ПОТВРДИЈА РУСКИТЕ МЕДИУМИВладимир Фролов бил погребан вчера во Санкт Петербург

    Русија го изгубила осмиот генерал од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари. Генерал-мајорот Владимир Фролов, чии трупи учествувале во опсадата на Мариупол, бил погребан вчера во Санкт Петербург откако загинал во борба, изјави гувернерот Александер Беглов.

    Фролов бил заменик-командир на 8. гардиска комбинирана армија, која со недели војува во Мариупол.

    „Фролов загинал херојски во борба против украинските националисти. Тој беше вистински патриот“, изјави Беглов, додека руски сајтови објавија фотографија од неговиот гроб во Санкт Петербург.

    Не е познато каде и кога загинал Фролов. Тој е само вториот руски генерал чија смрт беше потврдена во руските медиуми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира