РУСКИТЕ СИЛИ ЗА ПРВПАТ ОСВОИЛЕ МЕСТО ВО УКРАИНСКИОТ РЕГИОН ДНИПРО

    РУСКИТЕ СИЛИ ЗА ПРВПАТ ОСВОИЛЕ МЕСТО ВО УКРАИНСКИОТ РЕГИОН ДНИПРОРуските сили продолжиле да напредуваат откако стигнале до границите на Доњецк (Фото: Телеграм)

    Руските сили за првпат од почетокот на војната освоиле населено место во украинскиот регион Днипро во централно-источниот дел на земјата, објавија руските државни медиуми и воени блогери. Прорускиот функционер Владимир Рогов изјави дека руските сили ја презеле контролата врз селото Дачне во внатрешноста на индустрискиот регион Днипро, каде што тие продолжиле да напредуваат откако стигнале до западната граница на Доњецк.

    Во исто време, гувернерот на Луганск назначен од Москва, Леонид Пасечник, изјави дека Русија сега во целост го контролира овој источен регион.

    Пред два дена добивме извештај дека територијата на Луганск е целосно ослободена, 100%“, кажа Пасечник.

    Додека Москва и Киев даваат сигнали дека се спремни за мировни разговори, руските сили продолжуваат постепено да напредуваат на истокот на Украина, но и во други делови. Според украинскиот блог на аналитичари „Дип стејт“, Русија сега контролира 113.588 квадратни километри од Украина. Покрај Луганск, тоа ги вклучува и целиот полуостров Крим, над 70% од регионите Доњецк, Херсон и Запорожје и мали делови од областите Суми и Харкив.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира