САБОТАЖИТЕ НА ФРАНЦУСКИТЕ ПРУГИ ЌЕ ПОГОДАТ НАД МИЛИОН ПАТНИЦИ, СООБРАЌАЈОТ ЌЕ БИДЕ НАРУШЕН ЦЕЛ ВИКЕНД

    САБОТАЖИТЕ НА ФРАНЦУСКИТЕ ПРУГИ ЌЕ ПОГОДАТ НАД МИЛИОН ПАТНИЦИ, СООБРАЌАЈОТ ЌЕ БИДЕ НАРУШЕН ЦЕЛ ВИКЕНДСообраќајот на погодените линии ќе биде подобрен денеска (Фото: Шатерсток)

    Државниот оператор на железницата СНЦФ предупреди дека нарушувањата на железничкиот сообраќај низ Франција по вчерашните саботажи би можеле да траат до крајот на викендот и да погодат уште стотици илјади патници. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите.

    Координираните палежи на три пруги на брзата железница предизвикаа хаос во патувањата непосредно пред отворањето на Олимписките игри во Париз и премиерот Габриел Атал ги опиша нападите како чинови на саботажа. Речиси четвртина од меѓународните возови „Еуростат“ беа откажани, СНЦФ кажа дека сообраќајот на погодените линии ќе биде подобрен денеска благодарение на напорите на илјадници железнички работници.

    „Источната линија Париз-Стразбур ќе биде целосно оспособена, додека на пругата кон Лил на северот ќе возат 80% од возовите. На линијата кон Бордо на западот ќе возат 60% од возовите со одложувања од еден до два часа“, соопшти СНЦФ.

    Еуростат“ соопшти дека очекува една петина од неговите услуги да бидат откажани овој викенд, при што сите возови ќе се соочат со одложувања од еден и пол час.

    СНЦФ кажа дека ќе го засили надзорот врз железничката мрежа со 1.000 работници и 60 дронови. Министерот за транспорт Патрис Вергрете изјави дека саботажите погодиле 250.000 патници вчера, а уште 800.000 патнции ќе се соочат со откажувања и одложувања до понеделник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира