САД ГИ УКИНАА САНКЦИИТЕ ЗА СИРИЈА ОТКАКО ТРАМП И АЛ-ШАРА СЕ СРЕТНАА ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ ВО БЕЛАТА КУЌА

    САД ГИ УКИНАА САНКЦИИТЕ ЗА СИРИЈА ОТКАКО ТРАМП И АЛ-ШАРА СЕ СРЕТНАА ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ ВО БЕЛАТА КУЌАТрамп и Ал-Шара првпат се сретнаа во Ријад во мај (Фото: АП)

    Доналд Трамп го нагости сирискиот претседател Ахмед ал-Шара во Белата куќа денеска, поздравувајќи го влегувањето на неговата земја во глобалната коалиција за борба против Исламска држава, предводена од САД.

    Ал-Шара пристигна во Белата куќа без вообичаената помпа што го следи доаѓањето на светските лидери, влегувајќи на страничен влез, каде што немало новинари, камери и фоторепортери, место на главната врата на Западното крило. Исто така, пред Белата куќа немало истакнати сириски знамиња.

    Трамп и Ал-Шара разговарале зад затворени врати еден час и 40 минути. Ал-Шара со тоа стана првиот претседател на Сирија кој ја посетил Белата куќа откако земјата се здоби со независност во 1946 година.

    Неколку дена пред посетата на Ал-Шара, Трамп кажа дека го тргнал неговото име од листата на глобални терористи и дека презел чекори за укинување на санкциите за Сирија. Министерството за финансии денеска објави дека ги суспендира сеопфатните санкции на 180 дена, што нема да се однесува на одредени трансакции што ги вклучуваат Иран и Русија.

    Ова е голем пресврт за Ал-Шара, кој пред две децении бил притворен во Ирак, во центар управуван од САД, откако се придружил на борбата на Ал-Каеда против американските сили во регионот. Ал-Шара беше прогласен за терорист под името Мухамад ал-Џавлани, што го користеше како лидер на милитантната група Хајат Тахрир ал-Шам, која ги прекина врските со Ал-Каеда во 2016. САД по него имаа распишано потерница од десет милиони долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира