САД ГО БРАНАТ ДОГОВОРОТ ЗА РУСКИ ДИЗЕЛ, СМЕТААТ ДЕКА ЌЕ ГО ОМЕКНЕ ПУТИН ДА СЕ ВРАТИ ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА УКРАИНА

    САД ГО БРАНАТ ДОГОВОРОТ ЗА РУСКИ ДИЗЕЛ, СМЕТААТ ДЕКА ЌЕ ГО ОМЕКНЕ ПУТИН ДА СЕ ВРАТИ ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА УКРАИНАТрамп кажа дека Путин сака да постигне решение за крај на војната повеќе од Зеленски (Фото: Кремљ)

    Пратениците на Доналд Трамп им рекле на украинските претставници дека договорот за извоз на руски дизел е дел од обидот Русија да се врати во преговорите, изјавија за „Ројтерс“ три лица запознати со средбата.
    Специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер им рекле на Украинците на средбата во Мајами дека Владимир Путин не е подготвен да преговара за крај на војната и дека договорот за дизел би можел да помогне во обновувањето на трилатералните разговори.

    Договорот беше жестоко критикуван од Украина и нејзините сојузници од Европа, додека група американски сенатори од двете партии го повикаа Трамп да се откаже од него зашто крши федерален закон.

    „САД им пренесоа на Украинците дека договорот за дизел би можел да помогне да се омекне ставот на Москва, делумно затоа што испраќа сигнал дека Трамп е отворен за соработка со Русија“, рекол еден од изворите.

    Според договорот, Русија треба да испорача повеќе од 2,25 милиони барели дизел на американскиот и на глобалните пазари. Трамп смета дека на тој начин ќе се намалат цените на горивата, кои станаа голем проблем за републиканците пред меѓуизборите во САД следниот месец.

    Трамп тврди дека украинските напади врз руските рафинерии ги зголемуваат светските цени на горивото, а не војната со Иран и затоа бара тие да престанат. Некои експерти изјавија дека договорот за дизел нема значително да придонесе за намалување на цените во САД.

    Трамп кажа дека Путин сака да постигне решение за крај на војната повеќе од Зеленски, додека украинските и европските претставници изразуваат сомневање дека рускиот лидер е подготвен наскоро да ја прекине воената кампања. Лице блиско до Кремљ изјави за „Ројтерс“ дека Путин ќе се врати на преговарачката маса дури откако „ќе ги добие преостанатите 11% од Донбас, што дома би можел да го претстави како победа“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира