Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер жестоко ја критикуваше американската надворешна политика под водство на Доналд Трамп и го повика светот да не дозволи светскиот поредок да се распадне во „дувло на разбојници“, каде што бескрупулозните земаат што сакаат.
Реагирајќи на американската воена акција во Венецуела, кога беше заробен претседателот Николас Мадуро, Штајнмаер кажа дека светската демократија е нападната како никогаш досега.
Според него, по руската анексија на Крим и целосната инвазија на Украина, однесувањето на САД претставува втора историска пресвртница.
„Тука е и крахот на вредностите од страна на нашиот најважен партнер САД, кои помогнаа во изградбата на овој светски поредок. Треба да се спречи светот да се претвори во дувло на разбојници, каде што регионите или цели држави се третираат како сопственост на неколку големи сили. Активна интервенција е потребна во заканувачки ситуации, а земји како Бразил и Индија мора да бидат убедени да го заштитат светскиот поредок“, рече тој.



