САД И БРИТАНИЈА ПОВЛЕКУВААТ ДЕЛ ОД ПЕРСОНАЛОТ ОД ВОЕНАТА БАЗА ВО КАТАР ПОРАДИ МОЖНИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН

    САД И БРИТАНИЈА ПОВЛЕКУВААТ ДЕЛ ОД ПЕРСОНАЛОТ ОД ВОЕНАТА БАЗА ВО КАТАР ПОРАДИ МОЖНИ НАПАДИ ВРЗ ИРАНАл-Удеид е најголемата американска база на Блиски Исток (Фото: американска војска)

    САД и Велика Британија го намалуваат својот персонал во воздухопловната база Ал-Удеид во Катар, додека Доналд Трамп размислува дали да преземе акција против Иран поради задушувањето на антивладините протести, во кои загинале над 2.600 луѓе. Официјални лица изјавија за Си-Би-Ес дека делумното повлекување е мерка на претпазливост.

    Катарската влада соопшти дека САД преземаат мерки поради актуелните регионални тензии.

    Трамп се заканува дека ќе интервенира во Иран од самиот почеток на протестите пред речиси три недели. Тој вчера ги повика Иранците да продолжат да протестираат и одново се закани со „многу силна акција“ по извештаите дека Иран ќе почне да егзекутира уапсени демонстранти. Иран кажа дека ќе се одмазди ако САД го нападнат и најави напади врз американски бази на Блиски Исток.

    Минатата година Иран лансираше проектили кон Ал-Удеид, најголемата американска база на Блиски Исток, како одмазда за американските напади врз ирански нуклеарни постројки. Таму се стационирани 10.000 Американци и 100 Британци и нејасно е колку од нив ќе бидат повлечени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира