САД И ИРАН ДОГОВОРИЈА СРЕДБА ВО ОМАН, НО СПОРАТ ОКОЛУ ТОА ЗА ШТО ДА РАЗГОВАРААТ

    САД И ИРАН ДОГОВОРИЈА СРЕДБА ВО ОМАН, НО СПОРАТ ОКОЛУ ТОА ЗА ШТО ДА РАЗГОВАРААТАмериканската делегација ќе ја предводи Стив Виткоф (Фото: АП)

    САД и Иран договорија средба во Оман утре, иако спорат околу инсистирањето на Вашингтон во разговорите да биде вклучен и арсеналот проектили на Иран. Техеран бара да се разговара само за неговата нуклеарна програма.

    Деликатните дипломатски напори следуваат во услови на зголемени тензии, бидејќи САД акумулираат сили на Блиски Исток, а регионалните земји се обидуваат да избегнат воена конфронтација, за која многумина стравуваат дека би можела да ескалира во поширока војна. Разликите околу агендата и местото на разговорите во последните денови покренаа сомнежи дали состанокот ќе се одржи, оставајќи отворена можност за американски напад врз Иран.

    Запрашан дали врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, треба да биде загрижен, Трамп изјави:

    Би рекол дека треба да биде многу загрижен. Да, треба да биде“.

    По ваквите изјави на Трамп, американските и иранските претставници рекоа дека двете страни се согласиле да ја преместат локацијата на разговорите во Оман, откако првично го прифатија Истанбул. Но, нема назнаки дека се спогодиле околу агендата.

    Доколку Иранците сакаат да се сретнат, ние сме подготвени. Но, разговорите ќе мора да ги вклучат и балистичките ракети на Иран, неговата поддршка за вооружени групи на Блискиот Исток и третманот на сопствениот народ, покрај нуклеарните прашања“, кажа американскиот државен секретар Марко Рубио.

    Сепак, високи ирански функционери кажаа дека не прифаќаат разговори за ракетната програма на Иран.

    Во разговорите ќе учествуваат американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер и иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира