САД ИСПРАЌААТ УШТЕ ЕДЕН НОСАЧ НА АВИОНИ НА БЛИСКИ ИСТОК КАКО ПРИТИСОК ВРЗ ИРАН

    САД ИСПРАЌААТ УШТЕ ЕДЕН НОСАЧ НА АВИОНИ НА БЛИСКИ ИСТОК КАКО ПРИТИСОК ВРЗ ИРАНТрамп претходно го испрати „Џералд Форд“ на Карибите пред акцијата за фаќање на Мадуро (Фото: АП)

    САД ќе го испратат својот најголем носач на авиони на Блиски Исток како поддршка на носачот „Абрахам Линколн“, кој веќе е таму, објавија американските медиуми. Ова ќе им даде на Американците уште поголема огнена моќ додека Доналд Трамп се обидува да го убеди Иран да склучи договор за својата нуклеарна програма.

    Планираното распоредување на носачот на авиони „Џералд Форд“ во регионот следува откако Трамп најави нова рунда разговори со Иран. Арапските земји од заливот предупредија дека секој напад врз Иран би можел да прерасне во регионална војна.

    Вршејќи притисок врз Иран, САД веќе го испратија носачот на авиони „Абрахам Линколн“ во Арапското Море, заедно со неговите придружни разурнувачи со наведувани проектили.

    Трамп претходно го испрати „Џералд Форд“ на Карибите, како дел од градењето на американското воено присуство што му претходеше на упадот во Венецуела, кога беше заробен претседателот Николас Мадуро. Американскиот претседател вчера предупреди дека ќе биде многу трауматично ако Иран не успее да постигне договор со САД. Првата рунда индиректни разговори се одржа во Оман минатата недела.

    Запрашан кога Иран би можел да склучи договор за својата нуклеарна програма, Трамп одговори:

    Мислам дека ќе биде следниот месец, така нешто. Тие треба да се согласат многу брзо“.

    Иран навести дека е спремен да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите, но ги отфрли другите барања, кои првенствено се однесуваат на неговата ракетна програма, за што најмногу притиска Израел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира