САД ЈА НАПАДНАА ИСЛАМСКА ДРЖАВА ВО СИРИЈА КАКО ОДМАЗДА ЗА УБИСТВОТО НА ТРОЈЦА АМЕРИКАНЦИ

    САД ЈА НАПАДНАА ИСЛАМСКА ДРЖАВА ВО СИРИЈА КАКО ОДМАЗДА ЗА УБИСТВОТО НА ТРОЈЦА АМЕРИКАНЦИВојската објави дека се погодени повеќе од 70 мети на повеќе локации низ централна Сирија (Фото: АП)

    Американската војска изведе голем напад врз Исламска држава во Сирија како одговор на неодамнешното убиство на тројца Американци во земјата. Централната команда на војската објави дека борбени авиони, напаѓачки хеликоптери и артилерија погодиле повеќе од 70 мети на повеќе локации низ централна Сирија. Во акцијата учествувале и јордански авиони.

    Нападот уследи откако двајца американски војници и еден цивилен преведувач беа убиени во заседа во градот Палмира на 13 декември, за што ниедна група не ја презеде одговорноста, а убиениот напаѓач не беше идентификуван. Уште тројца војници беа ранети. Доналд Трамп тогаш вети дека САД жестоко ќе се одмаздат.

    Операцијата не е почеток на војна, туку одмазда. Ако напаѓате Американци каде било во светот, ќе го поминете остатокот од вашиот краток живот знаејќи дека САД ќе ве ловат, ќе ве најдат и безмилосно ќе ве убијат“, изјави министерот за одбрана Пит Хегсет, додавајќи дека сириската влада дала целосна поддршка.

    Сириската опсерваторија за човекови права објави дека во нападите биле убиени истакнат лидер на Исламска држава и голем број борци.

    Според Обединетите нации, ИСИС и натаму има меѓу 5.000 и 7.000 борци во Сирија, која неодамна се придружи на меѓународната коалиција за борба против групата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира