САД ЌЕ ГО НАМАЛАТ АВИОСООБРАЌАЈОТ ЗА 10% ПОРАДИ РЕКОРДНО ДОЛГАТА БЛОКАДА НА ВЛАДАТА

    САД ЌЕ ГО НАМАЛАТ АВИОСООБРАЌАЈОТ ЗА 10% ПОРАДИ РЕКОРДНО ДОЛГАТА БЛОКАДА НА ВЛАДАТАБлокадата на владата принуди 13.000 контролори на летање да работат без плата (Фото: АП)

    Американскиот министер за транспорт Шон Дафи изјави дека ќе го намали авиосообраќајот за 10% на 40 големи аеродроми во САД откако блокадата на владата влезе во рекордниот 36. ден. Драстичниот план ги натера авиокомпаниите да се обидат значително да ги намалат летовите во рок од 36 часа.

    Дафи кажа дека намалувањето ќе биде укинато ако Демократите дозволат повторно отворање на владата. Најдолгата блокада на владата во историјата на САД принуди 13.000 контролори на летање и 50.000 службеници од Агенцијата за безбедност во сообраќајот (ФАА) да работат без плата.

    Десетици илјади летови беа одложени од почетокот на блокадата поради широко распространетите недостатоци во контролата на воздушниот сообраќај. Авиокомпаниите велат дека најмалку 3,2 милиони патници веќе се погодени поради ова.

    ФАА кажа дека намалувањето на капацитетот на аеродромите би започнало со 4%, што ќе се зголеми на 5% в сабота и 6% в недела, пред да достигне 10% следната недела. Меѓународните летови ќе бидат исклучени од намалувањата.

    Иако владата не наведе кои аеродроми ќе бидат опфатени со мерката, се очекува да бидат погодени 30-те најпрометни аеродроми во САД, вклучувајќи ги Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Вашингтон, Атланта и Далас. Според фирмата за анализа на авиосообраќајот „Сириум“, се очекува да бидат укинати околу 1.800 летови со вкупно 268.000 седишта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира