САД ЌЕ ИСПРАТАТ ИЛЈАДНИЦИ ЕЛИТНИ ВОЈНИЦИ НА БЛИСКИ ИСТОК, УШТЕ НЕ Е ДОНЕСЕНА ОДЛУКА ЗА КОПНЕН НАПАД

    САД ЌЕ ИСПРАТАТ ИЛЈАДНИЦИ ЕЛИТНИ ВОЈНИЦИ НА БЛИСКИ ИСТОК, УШТЕ НЕ Е ДОНЕСЕНА ОДЛУКА ЗА КОПНЕН НАПАДТрамп неодамна најави намалување на воените операции против Иран, па се закани со уште посилни напади (Фото: АП)

    Пентагон планира да испрати илјадници војници од својата елитна 82. воздушно-десантна дивизија на Блиски Исток, изјавија за „Ројтерс“ два добро информирани извора. Тие моментално се стационирани во Форт Браг, Северна Каролина и изворите не можеле да кажат каде точно ќе бидат испратени и кога ќе пристигнат во регионот.

    Засега не е донесена одлука за испраќање војници во самиот Иран, кажа еден од изворите, но ќе се изгради капацитет за потенцијални идни операции во регионот. Некои американски медиуми шпекулираат дека САД би можеле да се обидат да го заземат стратешки важниот остров Харг, низ кој минуваат 90% од иранскиот извоз на нафта.

    Овие елитни војници се надоврзуваат на распоредувањето на илјадници маринци и морнари од воениот брод „Боксер“ и придружните бродови, кои пристигнаа минатата недела.

    Доналд Трамп во повеќе наврати кажа дека не сака да испраќа американски војници во Иран, но и не ја исклучи ваквата можност. Тој неодамна најави намалување на воените операции против Иран, за потоа да се закани со уште посилни напади.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира