ТРАМП НАРЕДИ ПРОТЕРУВАЊЕ НА 60 РУСКИ ДИПЛОМАТИ ОД САД ПОРАДИ НАПАДОТ СО НЕРВЕН ГАС ВО АНГЛИЈА

    ТРАМП НАРЕДИ ПРОТЕРУВАЊЕ НА 60 РУСКИ ДИПЛОМАТИ ОД САД ПОРАДИ НАПАДОТ СО НЕРВЕН ГАС ВО АНГЛИЈАСАД се солидаризираат со својот сојузник Велика Британија (Фото: АП)

    Претседателот Доналд Трамп нареди протерување на 60 руски дипломати од САД, како реакција на нападот врз поранешниот шпион Сергеј Скрипал со нервен гас во Англија.

    Слични мерки најавија и Франција, Германија и Украина, како и некои други европски држави.

    Лидерите на Европска Унија минатата недела се согласија дека Русија, најверојатно, стои зад нападот врз Скрипал и неговата ќерка во центарот на Салисбури. Русија и натаму негира дека има каква било врска со нападот.

    САД, исто така, ќе го затворат рускиот конзулат во Сиетл.

    „На 4 март, Русија употреби воен нервен гас во обид да убие британски државјанин и негова ќерка во Салисбури. Овој напад врз нашиот сојузник Велика Британија доведе во опасност неброено многу невини животи и сериозно повреди тројца, вклучувајќи полицаец. Овој напад претставува тешко кршење на Конвенцијата за хемиско оружје и на меѓународни закони“, стои во соопштението на Стејт департментот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира