САД наметнаа нови санкции на лидерот на босанските Срби Милорад Додик, како и на „Алтернативна телевизија“, која е поврзана со него, според сајтот на американското Министерство за финансии.
Додик е на американската „црна листа“ од 1 јануари 2017 година за опструирање на Дејтонскиот договор и непочитување на Уставниот суд на БиХ.
Периодов, БиХ се соочува со најтешката криза од завршувањето на граѓанската војна во 1995 година. Босанските Срби ја блокираат работата на централната власт и најавуваат повлекување на Република Српска од државните институции, вклучувајќи ја и армијата, обновувајќи ги стравовите за распаѓање на државата.