САД НЕ ЈА САКААТ УКРАИНА ВО НАТО, КАЖА СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРАТЕНИК КЕЛОГ ПРЕД ВТОРАТА РУНДА МИРОВНИ РАЗГОВОРИ СО РУСИЈА

    САД НЕ ЈА САКААТ УКРАИНА ВО НАТО, КАЖА СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРАТЕНИК КЕЛОГ ПРЕД ВТОРАТА РУНДА МИРОВНИ РАЗГОВОРИ СО РУСИЈАУкраина досега нема потврдено дека ќе испрати делегација на втората рунда разговори во Турција (Фото: АФП)

    Специјалниот пратеник на Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, кажа дека Русија е оправдано загрижена поради можноста за проширување на НАТО кон исток и дека САД не сакаат да ја видат Украина во западната воена алијанса.

    Запрашан за извештајот на „Ројтерс“ дека Русија сака писмено ветување дека НАТО нема да се шири кон исток за да ги вклучи Украина и другите поранешни советски републики, Келог рече:

    Тоа е оправдана загриженост. Ние кажавме дека влегувањето на Украина во НАТО не е на маса и не сме единствената земја која го вели тоа. Тоа е едно од прашањата што Русија ќе ги постави. И тие не зборуваат само за Украина, туку и за Грузија и Молдавија“, рече Келог, додавајќи дека одлуката за проширувањето на НАТО треба да ја донесе Трамп.

    Келог рече дека на мировните разговори во Истанбук в понеделник ќе се направи обид за спојување на двата мировни меморандума подготвени од Украина и Русија во еден единствен документ.

    Тој рече дека Трамп е фрустриран од Русија бидејќи видел „ниво на неразумност“ кај рускиот претседател Владимир Путин, алудирајќи на последните руски напади врз украинските градови.

    Украина досега нема потврдено дека ќе испрати делегација на втората рунда разговори во Турција. Володимир Зеленски кажа дека Украина претходно сака да ги види руските предлози за примирје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира