САД НУДАТ 50 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА АПСЕЊЕ НА ВЕНЕЦУЕЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МАДУРО

    САД НУДАТ 50 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА АПСЕЊЕ НА ВЕНЕЦУЕЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МАДУРОАмериканската влада го обвини Мадуро за нарко-тероризам и шверц на дрога (Фото: Гети)

    САД понудија награда од 50 милиони долари за информација која би довела до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, обвинувајќи го дека е еден од најголемите шверцери на дрога во светот. Јавната обвинителка на САД Пем Бонди кажа дека Мадуро е директно вклучен во операциите за шверц на дрога и ја удвои наградата, која претходно изнесуваше 25 милиони долари.

    Доналд Трамп е долгогодишен критичар на Мадуро, кој во јануари почна нов мандат, по изборите кои беа проследени со обвинувања за местење. Резултатите од изборите беа отфрлени од опозицијата и меѓународната заедница.

    Венецуелскиот министер за надворешни работи Иван Гил ја опиша наградата како патетична и политичка пропаганда.

    И за време на првиот мандат на Трамп, американската влада ги обвини Мадуро и други високи функционери на Венецуела за нарко-тероризам, корупција и шверц на дрога. САД тогаш тврдеа дека Мадуро соработувал со бунтовничката група ФАРЦ за да ја преплави Америка со кокаин.

    Бонди кажа дека американската Администрација за сузбивање дрога запленила 30 тони кокаин поврзан со Мадуро и негови соработници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира