САД ОБЈАВИЈА ДЕКА РУСИЈА И УКРАИНА ДОГОВОРИЛЕ ПРИМИРЈЕ ВО ЦРНОТО МОРЕ

    САД ОБЈАВИЈА ДЕКА РУСИЈА И УКРАИНА ДОГОВОРИЛЕ ПРИМИРЈЕ ВО ЦРНОТО МОРЕДоговорот за Црното Море е резултат на дводневните преговори во Ријад (Фото: АП)

    Вашингтон објави дека постигнал одделни договори со Русија и Украина за безбедна пловидба на бродови во Црното Море и за спроведување на забраната за напаѓање на енергетската инфраструктура во двете земји. Ако овие договори навистина бидат спроведени, тоа ќе биде најјасниот знак на прогрес кон пошироко примирје помеѓу Русија и Украина.

    Русија, сепак, кажа дека не може да му верува на Володимир Зеленски и нагласи дека ќе потпише договор за Црното Море само ако Вашингтон му нареди на украинскиот лидер да го почитува.

    Ќе ни требаат јасни гаранции. Имајќи ги предвид тажните искуства од договорите со Киев, гаранцијата може да се постигне само ако САД им наредат на Зеленски и неговиот тим да направат една работа“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

    И Зеленски претходно кажа дека не смее да му се верува на Владимир Путин околу неговите мировни потези.

    Кремљ вечерва објави дека договорот за Црното Море ќе стапи на сила дури откако ќе бидат укинати санкциите за руските банки вклучени во меѓународната трговија со храна и вештачки ѓубрива и тие целосно ќе се поврзат со банкарската Свифт мрежа.

    Украинскиот министер за одбрана Рустем Уремов изјави дека Киев се согласил и со поморското примирје и со забраната за напаѓање на енергетската инфраструктура.

    Сепак, секое движење на руските воени пловила надвор од источниот дел на Црното Море ќе го сметаме за прекршување на договорот. Во тој случај, Украина ќе има право да се брани“, кажа Уремов.

    Сакајќи брзо да ја заврши војната, Доналд Трамп првично предложи целосно 30-дневно примирје, што беше прифатено само од Украина, не и од Путин. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира