САД ОД 2026 ЌЕ РАСПОРЕДУВААТ ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ ВО ГЕРМАНИЈА, РУСИЈА НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ОДГОВОРИ НА ТОА

    САД ОД 2026 ЌЕ РАСПОРЕДУВААТ ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ ВО ГЕРМАНИЈА, РУСИЈА НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ОДГОВОРИ НА ТОАВо Германија ќе дојдат и крстосувачки ракети „томахавк“ и хиперсонични оружја (Фото: Анадолу)

    САД во 2026 година ќе почнат да распоредуваат проектили со долг дострел во Германија, со цел да ја демонстрираат посветеноста кон НАТО и европската одбрана. Постепените распоредувања се подготовка за долготрајно стационирање вакви капацитети, како „СМ-6“, крстосувачки ракети „томахавк“ и хиперсонични оружја, кои имаат поголем дострел од оние што моментално ги има во Европа, објавија САД и Германија.

    Русија најави дека ќе одговори на планираното распоредување американски проектили во Германија, опишувајќи го тоа како сериозна закана за руската национална безбедност.

    Западната воена алијанса уште еднаш ја потврди својата суштина. Тоа е алијанса креирана во ера на конфронтација со цел да одржува конфронтација. Тенизите во Европа ескалираат. Ова е многу сериозна закана за безбедноста на нашата земја и ќе бара координирани делотворни одговори“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Во исто време, НАТО објави дека новата американска воздушна база во северна Полска е ставена во функција. Таа ќе има за цел да детектира и пресретнува балистички проектили како дел од поширок штит на НАТО.

    Копнени проектили чиј дострел надминува 500 километри беа забранети до 2019 со договор потпишан од Михаил Горбачов и Роналд Реган во 1987, кога двете суперсили се согласија да го намалат својот нуклеарен арсенал и да елиминираат некои категории оружја. Германија, Унгарија, Полска и Чешка ги уништија своите проектили во 1990-тите, што потоа го направија и Словачка и Бугарија. САД се повлекоа од договорот во 2019 откако ја обвинија Русија за негово кршење.

    На крајот на јуни, Владимир Путин дозволи да продолжи производството на проектили со среден и краток дострел способни да носат нуклеарна боева глава откако САД донесоа слични проектили во Европа и Азија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира