САД ОФИЦИЈАЛНО ЈА ОБВИНИЈА РУСИЈА ДЕКА ИЗВРШИЛА ЗЛОСТОРСТВА ПРОТИВ ЧОВЕШТВОТО ВО УКРАИНА

    САД ОФИЦИЈАЛНО ЈА ОБВИНИЈА РУСИЈА ДЕКА ИЗВРШИЛА ЗЛОСТОРСТВА ПРОТИВ ЧОВЕШТВОТО ВО УКРАИНАКамала Харис ја изнесе официјалната американска оценка на Минхенската безбедносна конференција (Фото: АП)

    Администрацијата на Џо Бајден и формално ја обвини Русија дека извршила злосторства против човештвото во текот на својата речиси едногодишна инвазија на Украина.

    Ги истраживме доказите за руските активности во Украина и нема сомнение дека тоа се злосторства против човештвото. Сите кои ги извршија, исто како и нивните надредени, ќе сносат одговорност за тоа“, изјави потпретседателката на САД, Камала Харис, на Минхенската безбедносна конференција.

    Официјалната оценка не носи никакви моментални последици за актуелната војна. Сепак, Вашингтон се надева дека ова би можело да придонесе за дополнителна изолација на Владимир Путин и да ги поттикне правните напори за повикување на одговорност на членовите на руската влада преку меѓународни судови и санкции.

    Русија сега е ослабната држава откако коалицијата предводена од Бајден го казни Путин за инвазијата, но таа продолжува да ги засилува нападите во источна Украина“, кажа Харис.

    САД веќе заклучија дека руските сили извршиле воени злосторства во Украина, исто како и посебна истрага на Обединетите нации, но во меѓународното право, злосторство против човештвото се смета за посериозно кривично дело и опфаќа масовни убиства и силувања и систематски и намерно насочени дејства против цивилите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира