САД Ѝ РЕКЛЕ НА УКРАИНА ДЕКА МОРА ДА ГИ ПОВЛЕЧЕ СВОИТЕ СИЛИ ОД ДОЊЕЦК

    САД Ѝ РЕКЛЕ НА УКРАИНА ДЕКА МОРА ДА ГИ ПОВЛЕЧЕ СВОИТЕ СИЛИ ОД ДОЊЕЦКЗеленски ги опиша територијалните отстапки како болно прашање (Фото: АП)

    Американските преговарачи ѝ рекле на Украина на мировните разговори во Берлин дека мора да ги повлече своите сили од регионот Доњецк според каков било договор за крај на војната со Русија, изјави еден функционер запознат со разговорите.

    САД и Украина го завршија вториот ден од мировните разговори во Берлин и изворот рекол дека Киев побарал дополнителни разговори. Друг извор изјавил за „Ројтерс“ дека сѐ уште имало големи пречки за да се постигне договор за територија.

    Опишувајќи ги територијалните отстапки како болни, Володимир Зеленски потврди дека разлики по ова прашање и натаму постојат.

    Да бидам искрен, сѐ уште имаме различни позиции, но верувам дека американските посредници ќе помогнат да се пронајде компромис“, рече Зеленски.

    Тој кажа дека украинските преговарачи ќе продолжат со консултациите со американските колеги, додавајќи дека на Украина ѝ требаат јасни безбедносни гаранции пред да донесе какви било одлуки поврзани со линиите на фронтот.

    САД се согласиле да обезбедат неодредени безбедносни гаранции за Украина како дел од мировниот договор, а нови разговори се веројатни овој викенд, изјавија американски официјални лица.

    Понудата за безбедносни гаранции нема да биде на маса засекогаш. Администрацијата на Трамп планира да го достави договорот за безбедносни гаранции за одобрување во Сенатот“, кажа еден американски функционер.

    Зеленски разговараше со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џеред Кушнер, како и со европските партнери. Тој претходно понуди Украина да се откаже од членството во НАТО во замена за западни безбедносни гаранции.

    Во изминатите два дена, украинско-американските преговори беа конструктивни и продуктивни, со постигнат вистински напредок“, кажа Рустем Умеров, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана.

    Русија бара Украина да се повлече од Донбас и да биде неутрална земја и се противи на распоредувањето на трупи на НАТО во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира