САКАМ САД ДА УЧЕСТВУВААТ ВО ИЗБОРОТ НА НОВИОТ ВРХОВЕН ВОДАЧ НА ИРАН, КАЖА ТРАМП

    САКАМ САД ДА УЧЕСТВУВААТ ВО ИЗБОРОТ НА НОВИОТ ВРХОВЕН ВОДАЧ НА ИРАН, КАЖА ТРАМПТрамп ги повика силите на иранските Курди да тргнат во офанзива (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека сака САД да имаат улога во изборот на новиот врховен водач на Иран и ги охрабри курдските опозициски групи да тргнат во офанзива. Тој кажа дека процесот на избор на новиот лидер на Иран е во многу рана фаза, но дека синот на убиениот ајатолах Али Хамнеи, Моџтаба, е малку веројатен избор.

    Сакаме да бидеме вклучени во процесот на избор на лицето кое ќе го води Иран во иднина. Не мора да се враќаме на секои пет години и да го правиме ова одново и одново“, рече Трамп и додаде:

    Тие си го губат времето. Синот на Хамнеи е од лесна категорија. Морам да бидам вклучен во назначувањето како со Делси Родригес во Венецуела. Синот на Хамнеи е неприфатлив за мене. Сакаме некој што ќе донесе хармонија и мир во Иран“.

    Трамп, исто така, ги повика силите на иранските Курди да тргнат во офанзива.

    „Мислам дека е прекрасно што сакаат да го сторат тоа, јас сум целосно за тоа“.

    Запрашан дали САД ќе обезбедат или понудиле воздушна заштита, тој одговори:

    Не можам да ви го кажам тоа. Целта на Курдите е победа. Ако го сторат тоа, ќе биде добро“.

    Милиции на иранските Курди се консултирале со САД во последните денови за тоа дали и како да ги нападнат безбедносните сили на Иран во западниот дел од земјата, според три извори запознати со ова прашање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира