„САМСУНГ“ АПЕЛИРАШЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ ДА ГИ КОРИСТАТ ТЕЛЕФОНИТЕ ГАЛАКСИ НОУТ 7

a:1:{s:9:"td_source";s:16:"Сеул,(АП)

    „САМСУНГ“ АПЕЛИРАШЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ ДА ГИ КОРИСТАТ ТЕЛЕФОНИТЕ ГАЛАКСИ НОУТ 7

    „Самсунг Електроникс“ апелираше до корисниците во Јужна Кореја да престанат да го користат новите телефони Галакси Ноут 7, кои компанијата ги повлекува ширум светот откако неколку од нив се самозапалија.

    Во соопштение објавено на официјалниот сајт, Јужнокорејскиот технолошки гигант ги советува локалните корисници да ги посетат сервисните центри на компанијата за да добијат други телефони за привремена употреба. „Самсунг“ планира да вгради нови батерии во телефоните Галакси Ноут 7 во Јужна Кореја, почнувајќи од 19 септември.

    „Уште еднаш им се извинуваме искрено на нашите корисници, кои ги ценат нашите производи“, стои во соопштението.

    Американската Федерална управа за авијација завчера ги предупреди патниците во авионите да не ги вклучуваат или полнат телефоните Галакси Ноут 7 за време на летовите, ниту да ги ставаат во чекираниот багаж. Покрај американските авиокомпании, забрана за Галакси Ноут 7 досега воведоа „Емирејтс“, „Квантас“, „Вирџин“, „САС“ и „Сингапур Ерлајнс“.

    „Самсунг“ минатата недела соопшти дека планира да повлече 2,5 милиони Галакси Ноут 7 телефони ширум светот откако сопствената истрага на запалените телефони покажа дека батериите, произведени од еден снабдувач имаат грешка. Компанијата потврди 35 случаи на запалени телефони, најмногу од нив додека се полнела батеријата. „Самсунг“ го пушти во продажба големиот телефон на 19 август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира