САУДИСКА АРАБИЈА ЌЕ ГИ КОМПЕНЗИРА ДЕЦАТА НА УБИЕНИОТ НОВИНАР КАШОГИ СО 70 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    САУДИСКА АРАБИЈА ЌЕ ГИ КОМПЕНЗИРА ДЕЦАТА НА УБИЕНИОТ НОВИНАР КАШОГИ СО 70 МИЛИОНИ ДОЛАРИСаудиска Арабија ќе побара од семејството да се воздржи од јавните критики кон кралското семејство во врска со убиството на Кашоги (Фото: Ројтерс)

    Децата на новинарот Џамал Кашоги добиле скапи куќи, еднократни исплати и големи месечни надоместоци од Саудиска Арабија како компензација за неговото убиство, откри извор од семејството за Си-Ен-Ен.

    Семејството исто така би можело да добие десетици милиони долари во вид на „крвави пари“ по судењето на наводните убијци на Кашоги во Ријад. Севкупно, тие би можеле да бидат компензирани со повеќе од 70 милиони долари во пари и во имот. Во замена, владата на Саудиска Арабија ќе побара од семејството да се воздржи од јавните критики кон кралското семејство во врска со овој случај.

    Секое од четирите деца на Кашоги добило куќа во вредност од четири милиони долари, како и еднократна исплата од по 267.000 долари и месечни стипендии меѓу 10.000 и 15.000 долари, што ќе продолжат на неодредено време. Целото ова обесштетување било одобрено од кралот Салман.

    Кашоги, кој во своите колумни во „Вашингтон пост“ жестоко ја критикуваше власта во Саудиска Арабија, исчезна во октомври минатата година, откако влегол во конзулатот во Истанбул. По силен притисок од меѓународната јавност, Саудиска Арабија призна дека тој бил убиен, но неговото тело никогаш не е пронајдено.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира