СЕ ПОЈАВИ ИСЧЕЗНАТИОТ РУСКИ ДОКТОР КОЈ ГО ЛЕКУВАШЕ НАВАЛНИ, ПО ТРИ ДЕНА САМ ИЗЛЕГОЛ ОД ШУМА

    СЕ ПОЈАВИ ИСЧЕЗНАТИОТ РУСКИ ДОКТОР КОЈ ГО ЛЕКУВАШЕ НАВАЛНИ, ПО ТРИ ДЕНА САМ ИЗЛЕГОЛ ОД ШУМААлександер Мураховски во прв момент рекол дека Навални не е отруен (Фото: Ројтерс)

    Рускиот доктор кој прв го лекуваше отруениот опозиционер Алексеј Навални, за кој медиумите објавија дека исчезнал за време на лов, се појавил денеска, соопшти државната новинска агенција РИА, цитирајќи ги регионалните власти.

    Голема потрага беше покрената во шумите во регионот Омск, 2.200 километри источно од Москва, откако Александер Мураховски напуштил ловна база со своето теренско возило во петокот. Тој сам излегол од шумата, при што стапил во контакт со жителите на селото Басли, објави РИА.

    „Неговата состојба изгледаше нормално, но од претпазливост беше задржан во болница“, кажаа властите.

    Мураховски раководеше со болницата во Омск во која Навални беше донесен откако му се слоши во авион минатиот август. Тој тогаш кажа дека Навални не е отруен, туку се разболел од нарушување на метаболизмот. Навални го обвини дека ја фалсификувал дијагнозата и наводно го одложувал неговиот трансфер во Гермaнија во критичните моменти. Во ноември, Мураховски беше унапреден во регионален министер за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира