СЕ ПРЕВРТЕ БРОД СО СТОТИЦИ МИГРАНТИ ПОКРАЈ ГРЦИЈА, НАЈМАЛКУ 78 ЗАГИНАТИ

    СЕ ПРЕВРТЕ БРОД СО СТОТИЦИ МИГРАНТИ ПОКРАЈ ГРЦИЈА, НАЈМАЛКУ 78 ЗАГИНАТИБродот наводно бил на пат од Либија за Италија (Фото: ЕПА)

    Најмалку 78 мигранти се удавија, а над 100 се спасени откако нивниот рибарски брод се превртел покрај брегот на јужна Грција. Ова е најсмртоносниот бродолом во Грција оваа година.

    Нејасно е колку луѓе имало на бродот кога потонал околу 80 километри југозападно од островот Пилос, но грчките власти и Меѓународната организација за миграција веруваат дека можеби биле стотици.

    Грчката крајбрежна стража кажа дека бродот вчера бил забележан во меѓународните води и дека патниците одбиле помош, иако никој од нив не носел прслук за спасување. Бродот наводно бил на пат од Либија за Италија, а најголем дел од патниците биле мажи во свои 20-ти години, чија националност не е позната. Тој се превртел и потонал само неколку часа подоцна, а спасувачката операција била отежната од силен ветер.

    Првичните информации велат дека околу 400 луѓе биле на бродот. Стравуваме дека огромен број од нив се исчезнати“, соопшти грчкото министерство за миграција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира