СЕ РАДУВАМ НА ПЕНЗИЈАТА, ВРЕМЕ Е НЕКОЈ ДРУГ ДА СЕ ЗАНИМАВА СО КРИЗИ, ВЕЛИ МЕРКЕЛ

    СЕ РАДУВАМ НА ПЕНЗИЈАТА, ВРЕМЕ Е НЕКОЈ ДРУГ ДА СЕ ЗАНИМАВА СО КРИЗИ, ВЕЛИ МЕРКЕЛМеркел уште во 2018 најави дека нема да се кандидира за нов мандат (Фото: АП)

    Ангела Меркел изјави дека во вистински момент се повлекува од канцеларската функција и едвај чека да им се посвети на работиите за кои досега не наоѓала време.

    „Сакам малку да патувам и читам или едноставно да уживам во слободното време, знаејќи дека никаков пресврт нема да се случи во следните 20 минути“, кажа Меркел за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

    Меркел, која уште во 2018 најави дека нема да се кандидира за нов мандат, ја водеше Германија низ неколку тешки периоди, како глобалната финансиска криза, мигрантската криза и пандемијата на ковид-19. Иако функцијата ја исполнувала, таа исто така била голем предзвик за неа бидејќи постојано морала да следи, спречува и реагира на кризи.

    „Сега со сигурност можам да кажам дека е време некој друг да преземе“.

    Германија минатиот месец одржа избори, на кои победија Социјалдемократите и се очекува да формираат влада, а партијата на Меркел ќе оди во опозиција. Таа ќе продолжи да ја води владата сè до формирањето на новата коалиција.

    „Благодарна сум што имав можност да ѝ служам на земјата и со задоволство гледам на тој долг и на моменти сложен период. Малку меланхолија можеби ќе ми дојде после“, призна Меркел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира