Хрватскиот траект „Оливер“, на кој се наоѓаат 340 патници, се расипа откако претпладнево исплови од Сплит и цел дел плута на Јадранското Море. Најавено е дека траектот дури вечерва ќе биде одвлечен во Вела Лука со реморкер.
„Траектот исплови утрово на својата редовна линија од Сплит до Вела Лука, но за време на пловидбата се случи технички дефект. Проблемот привремено беше решен, но повторно дојде до истиот дефект. Проблемот и натаму е присутен и интензивно се обидуваме да го решиме. Изнајмен е реморкер кој вечерва ќе го одвлече траектот до Вела Лука“, изјави координаторката на пловното ппдрачје Јелена Ивулиќ.
Хрватските медиуми објавија дека на траектот именуван по легендарниот пејач Оливер Драгојевиќ утре требало да се одржи концерт, кој сега е поз знак прашалник.
Бродската компанија „Јадролинија“ го купила 27 години стариот траект од Грција оваа година за 12 милиони евра и вложила уште 2,7 милиони во негов ремонт. Првата пловидба ја имал на 20 мај.