Њујоршката модна дизајнерка Кејт Спејд е пронајдена мртва во нејзиниот стан во очигледно самоубиство, вели полицијата. Спејд била пронајдена обесена, од домарот во нејзиниот стан на Парк авенија во Њујорк денеска изутрина. Според полицијата, оставила белешка на местото на самоубиството. Не е соопштено шо пишува во белешката.
55-годишната Спејд создаде линија елегантни чанти во раните 1990-ти, што беа хит. Нејзината компанија, „Кејт Спејд Њујорк“, има над 140 продавници за малопродажба и аутлети во САД и повеќе од 175 продавници на меѓународно ниво.