СЕ УРНА АВИОН СО 189 ЛУЃЕ ВО ИНДОНЕЗИЈА ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО ОД ЏАКАРТА

    СЕ УРНА АВИОН СО 189 ЛУЃЕ ВО ИНДОНЕЗИЈА ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО ОД ЏАКАРТААвионот изгубил контакт со контролата на летање 13 минути по полетувањето (Фото: АФП)

    Авион со 189 луѓе се верува дека потонал, откако се урнал покрај брегот на индонезискиот остров Јава, набрзо по полетувањето од Џакарта, објавија локалните власти.

    Агенцијата за спасување на Индонезија потврди дека авионот на Лајон ер изгубил контакт со контролата на летање 13 минути по полетувањето.

    „Сѐ уште не знаеме дали има преживеани“, изјави шефот на агенцијата Мухмад Сијаги на прес конференција, додавајќи дека не бил примен никаков вознемирувачки сигнал од авионот. Тој рече дека на местото каде што се најдени остатоци од леталото, во водата се пронајдени и појаси за спасување и слушалки.

    Авионот е од типот „боинг 737-8оо Макс“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира