Хеликоптерот во кој беше иранскиот претседател Ебрахим Раиси се урна на северот на земјата и неговата состојба е непозната, соопштија локалните медиуми.
Леталото, во кое беше и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, се урна во иранската провинција Источен Азербејџан, во тешки временски услови, поради што и спасувачките екипи не можат лесно да стигнат до местото на несреќата.
Дваесет спасувачки тимови и дронови се испратени во регионот каде што се урна хеликоптерот.
Иранскиот претседател се враќаше од церемонија на пуштање во употреба на брана на границата со Азербејџан.