СЕ УРНА ПОКРИВОТ НА ДИСКОТЕКА ВО ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА, НАЈМАЛКУ 27 МРТВИ

    СЕ УРНА ПОКРИВОТ НА ДИСКОТЕКА ВО ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА, НАЈМАЛКУ 27 МРТВИНесреќата се случи после полноќ за време на концерт на популарниот пејач Руби Перес (Фото: Гети)

    Најмалку 27 луѓе загинаа откако се урна покривот на дискотека во Санто Доминго, главниот град на Доминиканска Република. Повредени се повеќе од 130 лица и спасувачите и натаму се обидуваат да извлечат луѓе од урнатините.

    Не е познато како дошло до несреќата, која се случила после полноќ за време на концерт на популарниот пејач Руби Перес. Во спасувањето и расчистувањето учествуваат повеќе од 400 луѓе.

    Се надеваме дека многумина од затрупаните и натаму се живи“, изјави директорот на Центарот за вонредни операции Хуан Мануел Мендес.

    Џет сет“ е популарен ноќен клуб во Санто Доминго, каде што редовно се одржуваат концерти во понеделник навечер. Член на бендот на Руби Перес изјави дека клубот бил полн кога се урнал покривот околу еден часот. Ќерката на Перес изјави дека и тој е меѓу луѓето кои се затрупани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира