Најновите сателитски снимки покажуваат алармантно пресушување на најголемиот резервоар во Кејптаун, како што градот се ближи кон денот кога целосно ќе остане без вода.
Сушата, зголемувањето на бројот на населението и климатските промени придонесоа Кејптаун да се соочи со оваа криза. Официјалните лица предвидуваат дека четирите милиони жители целосно ќе останат без вода до 12 април.
Сателитските снимки покажуваат дека резервите на вода во најголемата брана Теватерсклоф се на опасно ниско ниво, односно на само 13%, што е за еден процент помалку во однос на минатата недела.
Браната може да содржи повеќе од 480.000 мегалитри вода и го снабдува целиот регион со 53% вода.
Поради најголемата суша во последните 100 години, значително се намали површината на вегетацијата и на езерата во близина на Кејптаун.
Со цел да се штеди колку што е можно повеќе, почнувајќи од денеска, жителите на Кејптаун ќе бидат ограничени на само 50 литри вода на ден.