СЕ ЗАПАЛИ ПАНОРАМСКО ТРКАЛО НА ФЕСТИВАЛ ВО ГЕРМАНИЈА, НАЈМАЛКУ 23 ПОВРЕДЕНИ

    СЕ ЗАПАЛИ ПАНОРАМСКО ТРКАЛО НА ФЕСТИВАЛ ВО ГЕРМАНИЈА, НАЈМАЛКУ 23 ПОВРЕДЕНИПожарот почнал на една гондола и потоа се проширил на уште една (Фото: ДПА)

    Најмалку 23 лица се повредени откако се запалија две гондоли на панорамско тркало на музички фестивал близу Лајпциг. Пожарот почнал на една гондола и потоа се проширил на уште една, кажа полицијата.

    Четворица повредени имале изгореници, а едно лице се повредило при пад. Останатите се примени во болница поради вдишување чад.

    Несреќата се случи на фестивалот „Хајфилд“ крај езерото Штермталер близу Лајпциг, Причината за пожарот засега не е позната.

    Операторот на панорамското тркало соопшти дека во гондолите што изгореле немало патници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира