СЕ ЗАПАЛИ ТРАЕКТ СО 288 ЛУЃЕ КАЈ КРФ, НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ИМА ЗАГИНАТИ

    СЕ ЗАПАЛИ ТРАЕКТ СО 288 ЛУЃЕ КАЈ КРФ, НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ИМА ЗАГИНАТИТраектот долг 183 метри патувал од Грција за Италија

    Стотици луѓе се спасени од траект што утрово се запали кај островот Крф додека патувал од Грција за Италија. Крајбрежната стража соопшти дека на траектот на италијанскиот превозник „Еврофери Олимпија“ имало 237 патници и 51 член на екипажот и најголем дел успеале да се качат во пловилата за спасување.

    „Засега немаме информации дали има повредени и загинати“, кажаа властите.

    Траектот испловил од Игуменица, најголемото пристаниште во западна Грција и одел за италијанскиот град Бриндизи, оддалечен околу девет часа. Причината за пожарот засега не е позната.

    На снимката што ја објави грчкиот сајт „Прото тема“ се гледа 183 метри долгиот траект целосно во пламен.

    „Нè разбудија околу 4:30 часот. Пожарот веројатно избувнал во гаражата на траектот“, изјави еден од спасените патници.

    Во спасувачката операција се вклучени најмалку четири брода од двете држави.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира