Повеќе од 40 луѓе загинаа во пожар во црква во египетскиот град Гиза. Пожарот избувнал во моментите кога 5.000 верници се собрале за миса во тамошната коптска црква.
Огнот го блокирал излезот, што довело до стампедо, изјави еден очевидец, додавајќи дека меѓу жртвите има многу деца. Десетици луѓе се повредени.
Точната причина за пожарот не е позната. Досега е потврдено дека загинале 41 лице.
„Луѓето се собираа на третиот и четвртиот кат, кога видовме чад кој доаѓаше од вториот кат Луѓето почнаа да трчаат по скали и да паѓаат едни врз други“, изјави Јасир Мунир, кој бил во црквата.
Во Египет има околу 10 милиони коптски христијани.