СЕ ЗАТВОРА „НОВАЈА ГАЗЕТА“, ПОСЛЕДНИОТ НЕЗАВИСЕН МЕДИУМ ВО РУСИЈА

    СЕ ЗАТВОРА „НОВАЈА ГАЗЕТА“, ПОСЛЕДНИОТ НЕЗАВИСЕН МЕДИУМ ВО РУСИЈАГлавниот уредник, нобеловецот за мир Дмитри Муратов, на 22 март рече дека го продава на аукција својот нобелов медал за да собере пари за украинските бегалци. (Фото: АП)

    „Новаја газета“, последниот преостанат независен медиум во Русија, чиј главен уредник Дмитри Муратов лани доби Нобелова награда за мир, вели дека ќе ги паузира своите печатени и интернет изданија до крајот на таканаречената „специјална воена операција“ на Русија во Украина. Весникот соопшти дека денеска добил второ предупредување од руската државна агенција за комуникации, Роскомнадзор.

    Весникот го доби своето прво предупредување за употребена терминологија која не е дозволена на 22 март, истиот ден кога неговиот главен уредник Дмитри Муратов рече дека го продава на аукција својот медал за Нобеловата награда за мир за да собере пари за украинските бегалци.

    Две предупредувања од Роскомнадзор може да доведат до тоа медиумите да ја изгубат лиценцата во Русија.

    „Новаја газета“ вчера учествуваше во интервјуто за руските медиуми со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но не го објави материјалот. Руското тело за надзор на медиумите предупреди на можни последици ако го објават.

    Новинарите во Русија се под невиден притисок од властите од почетокот на руската воена агресија врз Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира