СЕДУМ ЗАГИНАТИ ВО УРИВАЊЕТО НА БОМБАРДЕР ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА ВО САД

    СЕДУМ ЗАГИНАТИ ВО УРИВАЊЕТО НА БОМБАРДЕР ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА ВО САДВо авионот „боинг Б-17“ имало 13 луѓе (Фото: АП)

    Авион од Втората светска војна се урна на аеродром во американската сојузна држава Конектикат, при што загинаа седум луѓе.

    Тринаесет луѓе биле во авионот „боинг Б-17“, наречен „летечка тврдина“ кој падна и се запали набргу по полетувањето од околината на Хартфорд. Воздухопловните власти кажаа дека авионот не ѝ припаѓал на армијата, туку бил регистриран на цивилно лице и очекуваат да има и повеќе загинати,

    Експертите велат дека само уште десет вакви авиони летаат низ САД (Фото: АП)

    „Идентификацијата на жртвите оди тешко, не сакаме да направиме грешки“, изјави командирот на полицијата Џејмс Ровела.

    Екипажот на авионот пријавил проблеми само пет минути по полетувањето и тој набргу потоа се урна кај меѓународниот аеродром „Бредли“.

    Експертите велат дека само уште десет вакви авиони летаат низ САД, а уште 40 има во музеи и приватни колекции. Овие стратешки бомбардери биле познати по нивната способност да војуваат со нацистите во воздухот и играле централна улога во акциите над Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира