СЕДУМ ЗАГИНАТИ ВО ВЧЕРАШНАТА ЕКСПЛОЗИЈА НА СИЦИЛИЈА, МЕЃУ НИВ И ТРУДНИЦА

    СЕДУМ ЗАГИНАТИ ВО ВЧЕРАШНАТА ЕКСПЛОЗИЈА НА СИЦИЛИЈА, МЕЃУ НИВ И ТРУДНИЦАЧетири згради се урнати, а уште три се оштетени во експлозијата (Фото: Анса)

    Спасувачите извлекоа уште четири тела од урнатините на неколку згради на Сицилија кои беа уништени во вчерашната експлозија на гас. Со тоа, бројот на загинати порасна на седум, а меѓу нив е и 30-годишна медицинска сестра која била во деветтиот месец од бременоста.

    Селена Паскарјело била пронајдена заедно со телата на нејзиниот сопруг и на неговите родители.

    Пожарникарите продолжуваат да пребаруваат по остатоците во градот Равануза, додека уште две лица се водат како исчезнати, а на стотина луѓе им било кажано да ги напуштат домовите. Властите кажаа дека четири згради се урнати, а уште три се оштетени во експлозијата, која се слушнала шест километри подалеку.

    „Отстрануваме парче по парче за да се спречат натамошни уривања, што пак би можело да ги загрози спасувачите“, изјави портпаролот на пожарникарите Лука Кари.

    Отворена е истрага за причините за експлозијата, но властите веруваат дека била предизвикана од истекување на гас. Станарите рекле дека со денови чувствувале мирис на гас, додека операторот „Италгас“ соопшти дека мрежата била целосно испитана и годинава и лани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира